Историски успеси во Малта: нашиот тим донесе медали од Special Olympics 2026
Нашите атлети донесоа индивидуални и тимски медали од Европското првенство во пливање во Малта.

Националниот тим на Специјална Олимпијада се враќа од Европското првенство во пливање Special Olympics Malta 2026 со низа медали и резултати кои означуваат значаен напредок за нашиот пливачки програм.
Резултати од Малта
Најзначајните индивидуални пласмани беа:
- Матеј Аларов – златен медал на 50 м пливање во слободен стил
- Матеј Аларов – бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил
- Јулијана Петровска – сребрен медал на 50 м пливање во слободен стил
- Јулијана Петровска – бронзен медал – 50 м грбно пливање
- Јулијана Петровска – бронзен медал – 50 м пливање во слободен стил
- Стефан Трпковски – бронзен медал на 50 м грбно пливање
- Стефан Трпковски – бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил
- Јана Кацарска – бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил
Особено значаен беше настапот во штафетата 4 × 50 м пливање во слободен стил: националниот тим настапи во штафетна дисциплина по првпат и веднаш освои бронзен медал.
Зад овие успеси стојат месеци тренинг, посветеност и дисциплина. Настапите во Малта ги потврдија храброста и истрајноста на нашите натпреварувачи.
Честитки до Матеј, Јулијана, Стефан и Јана — резултати на кои целиот тим и пошироката јавност можат да бидат горди.
Фото: прес-материјал од настанот


