Младата футсал селекција играше нерешено против Црна Гора
Јован Бојчев даде водство, а Илија Петрески одбрани пенал во натпреварот што заврши 1:1.

Младата футсал селекција на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 со селекцијата на Црна Гора утрово во Тиват, во првиот контролен натпревар од двомечот помеѓу двете репрезентации.
Репрезентацијата на Македонија поведе во 16. минута, а стрелец на голот беше Јован Бојчев.
Дванаесет минути подоцна домаќините преку Лазар Воротовиќ успеаа да израмнат на 1:1, што и остана конечен резултат.
Клучен момент и список на играчи
Во 32. минута Црна Гора не успеа да реализира пенал по одличната реакција на нашиот голман Илија Петрески, кој ја зачува ремито.
За Македонија на овој натпревар настапија: 1. Алек Тошевски (голман), 11. Михаил Гоговски, 2. Леонид Стоевски, 8. Лука Давитковски, 4. Климент Ѓошев, 6. Аки Мехмедалиев, 3. Христијан Ризов, 14. Јован Бојчев, 12. Илија Петрески (голман), 9. Јован Лембевски, 10. Александар Крстевски, 13. Матеј Анѓеловски, 5. Бојан Пешев, 22. Дамјан Ивановски (голман).
Селектор на репрезентацијата е Зоран Лекиќ. Утре од 11 часот е закажан вториот контролен натпревар против домаќинот Црна Гора во Тиват.
Фото: прес-материјал од настанот


