Истрага против група лихвари од Куманово: осомничени за изнуда и перење пари
Јавниот обвинител ја отвори истрагата против група од четири лица обвинети за изнуда, фалсификување документи и перење пари од 2021 година.

Во Куманово се отвори истрага против четиричлена група осомничена за изнуда и перење пари, која според ЈОРСМ делувала од 2021 година и користела груби закани кон оштетени лица зависни од претходни позајмици.
Методи и жртви
Во фокусот на случајот е кумановецот Драган Петровски познат како Штука, кој, како што се наведува, ја формирал групата и ја користел зависноста на заемопримачите за да ги присили да плаќаат. Обвинителството посочува дека членови на групата, покрај заканите, прибегнувале и кон фалсификување документи и злоупотреба на банкарски сметки на жртвите.
„Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари.“
Од обвинителството додаваат дека на договорите осомничените ѝ го фалсификувале потписот на жената како примач на заем и без нејзино знаење ги завериле на нотар, кој се гони за несовесно работење во службата бидејќи заверил лажни документи. Како што стои во соопштението, по понатамошни закани, жената била принудена да ги исплати наводните долгови и да му го предаде својот автомобил на едно од лицата осомничени за делото.
Групата, велат од ЈОРСМ, имала и уште една жртва која земала заем за лекување на сопругата. "Друг оштетен, уште во 2021 позајмил на два пати по 180.000 денари од осомничениот организатор на групата. Парите му биле потребни за лекување на сопругата. Иако согласно договорите за заем ги вратил паричните средства, осомничените продолжиле да му бараат дополнителни исплати како камата и врз основа на таа зависност го принудиле да ја користат неговата сметка за да префрлаат големи суми на пари од изнуда како формални заеми и да ги извлекуваат во готовина," стои во соопштението.
Обвинителството информира дека еден од членовите на групата за одреден период бил надвор од државата. Истрагата е во тек.
Фото: прес-материјал од настанот


