Изградба на Дом за стари лица, содржини за младите и решавање на бездомните животни — приоритети во Македонска Каменица
По една година од новата локална власт, приоритетите жители ги поврзуваат со економската зависност од рудникот „Саса“ и подготовка за транзиција.

Жителите на мала рударска општина Македонска Каменица по една година од доаѓањето на новата локална власт ги наведуваат како приоритети: изградба на Дом за стари лица, повеќе содржини и мотивација за младите да останат во општината, и решавање на проблемот со бездомните животни. Целата локална економија и значаен дел од општинскиот буџет се потпираат на рудникот „Саса“.
Во рудникот „Саса“ се вработени над 700 жители на Македонска Каменица, а рударската дейност според проекциите е планирано да трае до 2034 година. Локалната власт сè поинтензивно зборува за потребата од економска транзиција за општината.
Граѓаните изразуваат загриженост што ќе се случи доколку рудникот не продолжи со работа по 2034 година и сметаат дека младите треба да добијат поддршка за реализација на свои бизнис-идеи.
На преден план: стратегија за транзиција и нови можности
„Македонска Каменица е прилично изградена, освен рудникот, друго нема, а не имаме една-две конфекции со нормално мал број на вработени. Прилично луѓе, можеби поготово жени,патуваат секој ден за Амфенол во Кочани,таму ја бараат егзистенцијата. Треба ли нешто еве општината да направи некаква стратегија за економска транзиција, знаејќи дека тук 2034 им се некои проекти на рудникот за ископ на руда? Па видете можеби самиот крај одговара и за туризам на некој начин“, вели Благој Стамболиски.
Постарата популација ја опишува општината како мирно место за живот, со уредени улици, пешачка патека и речно корито на Каменичка река. „Ме радува што Каменица е водечки град во Македонија по број на жител по зеленило, велат некаде, читав дека во Македонија има по жител најмногу зеленило“, р ече граѓанин на Македонска Каменица.
Во меѓувреме, други граѓани констатираат постојан одлив на млади. „Младите си одат, како секаде и од Каменица си одат, си бараат подобар живот. А за нас старите тука е многу убаво. Убаво е, си младите си бараат поубав живот. Дали еве за една година се смени нешто од новата локална власт? – Многу добро. Функционира, нема што да ти кажам. Мислам многу добра е градоначалничката, да прима, да те сослушува, со секого со секого комуницира, не понижува никого“, вели жителка на Македонска Каменица.
Општината располага со буџет од 6 милиони евра, од кои над 3 милиони евра пристигнуваат од концесијата на рудникот „Саса“. Според последниот попис, Македонска Каменица брои 6.439 жители, а во изминатите две децении населението опаѓа поради иселување, особено во Италија и Словенија.
Во фокусот на локалните барања се конкретни проекти за Дом за стари лица, програми и содржини за младите и решавање на проблемот со бездомните животни, како и подготовка на стратегија за економска диверзификација во пресрет на можно намалување на рударската активност по 2034 година.
Фото: прес-материјал од настанот


