Почетна
Свет

Израел објави мапа со територии што ги нарече под турска окупација и ја обвини Анкара за „лицемерие“

Министерството за надворешни работи објави карта и ги наведе тврдењата за турското воено присуство и окупација.

·Свет
Израел објави мапа со територии што ги нарече под турска окупација и ја обвини Анкара за „лицемерие“

Израелското Министертвo за надворешни работи вчера го означи како „лицемерие“ турското критикување на израелските воени операции и објави карта на која ја прикажува, како што наведува, турската контрола над делови од регионот.

Во објава на социјалните мрежи министерството праша: „Турција има смелост да го критикува Израел. Но, какви се фактите на терен?“ и ги наведе тврдењата за распоредувањето на турски сили и постоењето воени бази и пунктови надвор од Турција.

Претензии меѓу бројки и територии

Во соопштението се додава дека илјадници турски војници се распоредени надвор од Турција и дека Анкара има воени бази и пунктови на Кипар, во Сирија и во Ирак. Министерството наведува дека Турција „окупира 36 отсто од Кипар, пет отсто од Сирија и околу 2.000 квадратни километри од Ирак“.

Израелската институција ја спореди оваа состојба со своето присуство во Сирија, истакнувајќи дека Израел „привремено контролира 0,1 отсто од сириската територија“ во она што го опишува како „безбедносна зона“ чија цел е „заштита на израелските граѓани.“

Обвинувањето следи по тоа што Анкара „остро“ ја осуди изјавата на Колумбија за легитимизација на израелската окупација на Голанската Висорамнина. Израел ја зазеде Голанската Висорамнина од Сирија за време на Шестдневната војна во 1967 година и фактички ја анектираше во 1981 година; Обединетите нации ја сметаат територијата за окупирана и го поддржуваат Договорот за раздвојување на силите од 1974 година, кој воспостави тампон-зона под надзор на ОН.

Во објавата Анкара ја повика меѓународната заедница да ги исполни своите обврски и да придонесе за ставање крај на, како што наведе, израелската окупација во јужна Сирија, вклучително и на Голанската Висорамнина, како и на нападите насочени против суверенитетот и стабилноста на Сирија. Во меѓувреме, турскиот парламент усвои закон што беше оценет како историски за придвижување на мировниот процес со Курдската работничка партија (ПКК).

Фото: Икс / Israel Foreign Ministry

Поврзани написи