Почетна
Македонија

Јаневска: Во моментов нема пријави за корупција во образованието, ќе се постапи според закон

Министерката се обрати пред Националниот форум „Млади за интегритет“ и им се заблагодари на Analitika и германските партнери.

·Македонија
Јаневска: Во моментов нема пријави за корупција во образованието, ќе се постапи според закон

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека во моментов нема пријави за корупција во образовниот систем и дека доколку такви пријави се поднесат, ќе се постапи согласно законот. Изјавата ја даде пред почетокот на Националниот форум "Млади за интегритет - од гласот на младите до институционални промени", што се одржува денеска во Скопје.

Јаневска се заблагодари на "Аналитика" за спроведување на проектот, со поддршка на германската Влада и германската Амбасада во земјава, и нагласи дека иницијативата е од исклучително значење за општеството и за подигање свест кај младите во борбата против корупцијата.

Училиштата како воспитни средини

- Од позиција на министер за образование и наука, сметам дека училиштата не се само средини каде што се стекнуваат знаења, компетенции и вештини, туку каде што се гради личност со интегритет и со вредносен систем. ​Учениците во нашата земја, освен преку проекти за борбата против корупцијата и негативните влијанија во општеството, учат преку предмет - граѓанско образование. Но, такви теми има и во другите предмети, што значи дека застапени се оние знаења што тие треба да ги стекнат за време на процесот на образование. Но, секако, ваквите проекти исклучително многу влијаат и се од помош за развивање на свесноста и за спроведување на соодветни постапки при несаканите активности, еве да речеме во образовниот систем - додаде таа.

Според министерството, проектите за подигање на свеста и вклучувањето на учениците и наставниците во дискусии за интегритет и етичко однесување се дел од превентивните мерки, додека правната постапка останува алатка за реакција доколку се утврдат неправилности.

Форумот ги собра млади, просветни работници и претставници на цивилниот сектор за да разговараат за начини на јакнење на интегритетот во образованието и за институционални промени кои би го поддржале тоа.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи