Јавното обвинителство ја анализира можна истрага за финансирањето на прославата за 35-годишнината
Државниот јавен обвинител Ненад Савески вели дека обвинителството ќе постапи доколку најде основи, додека опозицијата бара отворање предмет.

Државното јавно обвинителство ја разгледува можноста за отворање кривичен предмет за начинот на финансирање на прославата по повод 35-годишнината од независноста, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
Како што рече Савески, Јавното обвинителство секоја ситуација ја анализира од кривично-правен аспект и ќе постапи доколку се утврдат основи. "Слушнав дека Антикорупциската комисија има отворен предмет, но нивната постапка не е врзана со нашата. Секако, секоја ситуација, вклучително и оваа, обвинителството ја анализира и доколку најде основи, ќе постапи – додаде Савески."
Притисок од опозицијата и работа на Антикорупциската комисија
Опозицијата веќе четири дена по ред го повикува Јавното обвинителство да отвори предмет за финансирањето на прославата. Досега, Антикорупциската комисија отвори предмет, но тој се однесува единствено на можен судир на интереси во врска со Николче Мицевски.
Николче Мицевски беше член на комисијата која ја избра фирмата "Стардаст" за дел од организацијата на настанот, а подоцна се појави и како директен учесник во програмата — како автор на оркестрациите на концертот на Хозе Карерас.
Исто така, се поставија прашања за Државната Лотарија, која според објавени податоци ја дала повеќето од добивките за 2024 година за прославите, и дали за тоа одлучувало Собранието на акционери и дали Министерството за правда утврдило дека настаните се од јавен интерес.
Во меѓувреме беше објавено и јавно извинување на Бобан Милошески од продукциската куќа "Авалон" упатено до изданието и до новинарката Мирослава Симоновска, за што беше објавен видео‑материјал.
Фото: Слободен печат / Драган Митрески


