Почетна
Политика

Мицкоски: Граѓаните сами ќе одлучуваат дали да уплаќаат во вториот пензиски столб

Мицкоски критикуваше дека приватните фондови даваат три пати помали приноси и најави хибридно решение за слобода на изборот.

·Политика
Мицкоски: Граѓаните сами ќе одлучуваат дали да уплаќаат во вториот пензиски столб

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека граѓаните ќе можат самите да изберат дали ќе го користат исклучиво државниот пензиски фонд или ќе уплаќаат придонеси и во приватниот пензиски столб, критикувајќи ги приватните управувачи како слаби во остварувањето на приноси.

Според Мицкоски, приноси три пати помали

Мицкоски изјави дека компаниите кои управуваат со вториот пензиски столб се „слаби претприемачи“ и дека приносите од средствата кои ги уплаќаат граѓаните се три пати помали од очекуваните.

Тој додаде дека не е прифатливо управувачите да ги користат парите на граѓаните без да ги оплодуваат според договорот што бил постигнат пред 20 години, а потоа да бараат виновници надвор од себе.

„Тоа значи дека тие се слаби претприемачи. Не можете вие да ги користите средствата од граѓаните и да не ги оплодувате и да не носите приноси онакви какви што што треба, какви што сте се договориле пред 20 години кога е почнатата оваа реформа и сега некој друг да ви е виновен. Тоа така не оди. Ако сте неуспешен во бизнисот, доаѓа некој друг кој што е поуспешен. И сега ние разгледуваме некоe меѓу хибридно решение во кое што на граѓаните ќе им се даде слобода да си донесат самите одлука дали ќе сакаат да го користат само државниот или ќе сакаат и во државниот и во приватните пензиски столбови. Не можеме неработењето на тие компании кои што ја добиле честа да ги управуваат средствата на граѓаните пред 20 години да ги користат и да не ги оплодуваат онака како што граѓаните очекуваат,“ рече Мицкоски.

Изјавата ја даде на почетокот на изградбата на новата фаза од вакуумската канализација во Јурумлери, општина Гази Баба.

Фото: К.Попов)

Поврзани написи