Јордан Митев го заврши австралискиот турнеј и се враќа за јубилеен концерт
По успешните настапи за иселениците, Митев се враќа во Македонија за да ја подготви прославата на 20‑годишниот професионален јубилеј.

Познатиот македонски фолк‑пејач и кантавтор Јордан Митев официјално ја заврши својата долга и успешно пополнета турнеја низ Австралија, и преку социјалните мрежи објави дека се враќа дома за да ги заврши останатите планирани обврски.
Во текот на неколку недели Митев настапуваше пред иселеничката публика во Волонгонг, Сиднеј и Канбера, а приреди и еуфорични забави во Перт и Мелбурн, исполнувајќи сали и создавајќи незаборавни мигови за македонските заедници на континентот.
Еден од посебните моменти се случи во Мелбурн, кога Митев зема кавал и свиреше, додека публиката во глас ја пееше култната „Бисер балкански“.
По настапите, пејачот се обрати кон своите фанови со емотивна порака: „Почитувани и драги мои, официјално заврши уште една успешна турнеја во Австралија. Сакам од срце да се заблагодарам на мојата верна публика и на сите кои што ме испочитуваа со своето присуство… Време е да се вратам дома, во Македонија и да ги дозавршам останатите планирани работи“ – порача пејачот, упатувајќи посебна благодарност и до организаторот Влатко Јовески и „Republika Entertainment“.
Подготовки за јубилеен солистички концерт
По враќањето во Македонија, главниот професионален фокус на Митев е големиот јубилеен солистички концерт со кој ќе одбележи 20 години од својата музичка кариера. Концертот е закажан за 26 декември во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Пред тој голем настан, Митев ќе има и средби со македонската публика во Австрија. Публиката со нетрпение го очекува јубилејниот концерт, уверена дека Митев во Скопје ќе подготви вистинска музичка магија.
Фото: прес-материјал од настанот


