Почетна
Свет

Карл Бушби се врати дома по 28 години пешачење — поминал 50.000 километри

Британскиот патник Карл Бушби по скоро три децении на пат се врати дома и се сретна со својата мајка, син и внука.

·Свет
Карл Бушби се врати дома по 28 години пешачење — поминал 50.000 километри

Британскиот авантурист Карл Бушби го заврши своето скоро три децениско патување пеш и се врати во куќата каде што пораснал, откако помина околу 50.000 километри.

Рутата, премините и последниот предизвик

За време на патувањето Бушби минал низ околу 30 држави во Јужна и Северна Америка, Европа и Азија. Тој тргнал од Чиле, продолжил на север низ двете Америки, преминал од Аљаска во Русија, прошол низ Монголија и Кина, а потоа се вратил преку Европа откако го препливал Каспиското Море. Минатиот месец го преплива и каналот Ла Манш како последен дел од патувањето што целосно го направил пеш.

57-годишниот Бушби влезе во родниот град туркајќи количка со своите лични работи, на која беше прицврстена резервна гума, и пред присутните рече: "По 28 години, човек навистина не може да посака повеќе од ова". Потоа се упатил кон семејниот дом, каде што го чекаа мајка му, 36-годишниот син и 12-годишната внука.

Во своите дваесетти години Бушби служел во Падобранскиот полк на британската армија. По распадот на бракот тргнал на пат, инспириран од својот татко кој порано се прашувал дали е можно да се оди пеш од Лондон до Њујорк. Со шатор, неколку стотици долари и евтин пластичен фотоапарат, тој го започнал долгото пешачење.

На патот се соочил со сериозни препреки: краткотрајно затворање во Панама, закана со огнено оружје во Мексико и притворање од страна на руските власти поради илегално преминување граница. Патот исто така беше одложен поради финансиската криза во 2008 година и пандемијата на ковид.

За Би-Би-Си, Бушби изјавил дека од вкупно 28 години, пешачел околу 15, понекогаш враќајќи се во Мексико за да ги средува визите, логистиката и договорите за спонзорства. Во продукција е долгометражен документарец за неговото патување.

Фото: АП)

Поврзани написи