Почетна
Спорт

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Од 25 до 27 септември 2026 во хотел „Дрим“ се одржа тродневен семинар за службени лица со фокус на измени во правилата и едукација.

·Спорт
КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од 25 до 27 септември 2026 година се одржа претсезонскиот Семинар за кошаркарски судии, делегати и контролори во хотел „Дрим“, со кој официјално започна подготовката за натпреварувачката сезона 2026/2027.

Програма и предавачи

Свеченото отворање го реализираа Генералниот секретар на КФМ, Томче Стојчевски, менаџерот за судии при ФИБА – Мануел Мацони, и претседателот на Судиската комисија, Алија Феревски. Во рамките на првата вечер се одржа кратка работилница за судии кои за првпат учествуваат на претсезонски семинар, предводена од Томи Панов, FRIP1.

Саботната програма започна со физичкиот „Легер“ тест за судиите, додека делегатите и контролорите имаа посебна сесија посветена на „Осврт на контролите од минатата сезона и насоки за претстojната сезона“, која ја реализираа Блашко Клинчаров и Алија Феревски.

Потоа следеше интензивна теоретска и едукативна програма со предавања од домашни и меѓународни предавачи:

  • Мануел Мацони, ФИБА Европа – „Развоен пат на судиите“
  • Миодраг Личина, ФИБА Европа – „Дисруптивна грешка / Флагрантна грешка“
  • Миодраг Личина, ФИБА Европа – „Момент на шут – измени и дополнувања 2026“
  • Миодраг Личина, ФИБА Европа – „Покривање на играта (примарен/секундарен одбранбен играч, примарно/секундарно поле на одговорност)“
  • Петар Денковски, НИ при КФМ – „Техничка грешка – измени 2026“
  • Мануел Мацони, ФИБА Европа – „Контрола на играта, Комуникација под притисок“
  • Петар Денковски, НИ при КФМ – „Нови судиски знаци, нови ознаки во Записникот и промени во правилата за IRS“

Работниот ден заврши со рекапитулација на реализираните активности, по што следеше заедничка вечера и коктел-дружење за учесниците.

Неделната програма опфати видео-работилница, реализирана од Миодраг Личина и Петар Денковски, како и сесијата „Анализа на работата на службените лица минатата сезона и препораки за наредната“, која ја презентираше Александар Милојевиќ, комесар на КФМ.

Семинарот заврши со теоретски тест за судии, делегати и контролори, свечено затворање и заеднички ручек.

Со реализацијата на претсезонскиот Семинар 2026/2027, Судиската комисија при КФМ ја потврди посветеноста на континуирана едукација и професионален развој, со акцент на новостите во правилата, унифицирање на критериумите, контрола на играта и комуникација.

Фото: Sgt. 1st Class Shelman Spencer / Wikimedia Commons (Public domain)

Поврзани написи