Почетна
Свет

Кибернапад во Русија и Украина: граѓаните добија лажни нуклеарни предупредувања

Двете земји потврдуваат дека апликациите за итно предупредување биле компромитирани и испратиле лажни известувања, вклучувајќи тврдења за хиперсонична ракета.

·Свет
Кибернапад во Русија и Украина: граѓаните добија лажни нуклеарни предупредувања

Русија и Украина потврдија дека биле погодени од кибернетички напади чија цел биле апликации за итно предупредување, по што граѓаните добиле лажни известувања за голем напад.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека јавната апликација за предупредување од воздушни напади била хакирана. Апликацијата кратко време прикажала предупредувања за нуклеарни и хемиски напади во Киев и други области, како и за опасност од улични борби.

Во една лажна порака било наведено дека е лансирана руска хиперсонична ракета „орешник“.

Реакција на украинските власти

Украинските воздухопловни сили на Телеграм соопштија: „ Се чини дека апликацијата за предупредување од воздушен напад била изложена на непријателско влијание. Не постои закана од радијација! Останете смирени и следете ги нашите известувања на нашиот канал“.

И Русија потврди дека била погодена од слични кибернапади кои влијаеле на системите за итно предупредување, а двете земји пријавија дека населението добило невистински известувања. Не беа објавени дополнителни детали за опфатот или потеклото на нападите.

Украинските власти ги повикаа граѓаните да се потпираат на официјалните канали за информации и да ги игнорираат неутврдени пораки додека ситуацијата се следи.

Фото: Киев индепендент)

Поврзани написи