Почетна
Македонија

Кичево: депонија во центарот и спор околу претоварна станица

Граѓаните бараат итно дислоцирање и целосна санација на депонијата, додека надлежните ја најавуваат претоварната станица како дел од регионален проект.

·Македонија
Кичево: депонија во центарот и спор околу претоварна станица

Покрај Охрид, и Кичево се соочува со децениски еколошки проблем: депонија сместена речиси во самиот центар на градот која и натаму ја загрозува здравјето на граѓаните и ја загадува животната средина.

Отпорот на локалното население ја успорува идејата за претоварна станица

Од Општина Кичево и Министерството за животна средина велат дека на ова место е предвидена изградба на претоварна станица како дел од поширок регионален систем за управување со отпад. Според интегрираниот проект за Југозападниот и Пелагонискиот Регион, долгорочно решение е изградбата на централна модерна депонија во Општина Новаци, а отпадот од општините во околината — вклучително Кичево и Охрид — треба прво да се собира во претоварни станици и потоа да се транспортира до Новаци за натамошен третман.

Меѓутоа, локалното население жестоко се спротивставува на идејата претоварната станица да биде лоцирана на постојната депонија. Граѓаните стравуваат дека новиот објект само ќе го официјализира и продолжи труењето на градот и бараат итно дислоцирање и целосна санација на депонијата, а не нови објекти за управување со отпад на истата локација.

Еко активистите со загриженост коментираат дека е несфатливо како проблемот со депониите во поширокиот регион останува толку комплициран што не може да се реши со децении. Процесот на воспоставување на регионалниот систем се соочува со бавна администрација, долги тендерски процедури и отпор кај дел од граѓаните.

Додека системот за управување со отпад од Југозападот целосно не заживее, општините остануваат заглавени меѓу постојаната миризба од нестандардните депонии и итноста тие конечно да се затворат и да се санира долгогодишното ѓубриште.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи