Почетна
Спорт

КК Скопје ги претстави очекувањата: сакаме да создадеме база со млади

Клубот ќе гради македонски играчи како основа, додека странците треба да помогнат да се остварат регионалните цели.

·Спорт
КК Скопје ги претстави очекувањата: сакаме да создадеме база со млади

КК Скопје на прес-конференција пред почетокот на новата сезона во Супер-лигата ги презентираше своите амбиции: градење база со млади играчи и висок пласман. Во првото коло тимот на тренерот Марјан Илиевски ќе игра на домашен терен против Кожув, мечот е закажан во недела со почеток во 18:30 часот.

Клубот сака домашни играчи како основа и регионални цели

Претседателот на клубот, Боро Атанасовски, објасни дека ребрендирањето има за цел да привлече поддршка од целиот град и да го подигне нивото и на организациски и на спортски план. „Ги ребредиравме зошто сакавме да имаме поддршка од целиот град, да го подигнеме нивото на органзациски и спортско поле, а со тоа да дојдат фановите да гледаат поквлитетни кошаркарски натпревари. Сакаме да направиме база, да ги развиваме младинските категории, нашата цел е да создадеме македонски играчи, кои би биле основа на екипата, заедно со странски играчи кои ќе бидат темел за исполнување на нашите цели во иднина, а тоа и учество во АБА2-лига “, изјави Боро Атанасовски, претседателот на клубот.

Тренерот Марјан Илиевски ги искажа очекувањата и предизвиците пред тимот. Тој посочи дека промена на правилото за странски играчи го отежнала создавањето на ростерот и дека во текот на подготовките дошло до една промена на странски играч, но дека сега имаат потпишани странски играчи кои одговараат на замислата. „Започнати сме во период кој можеби е задоцнет, смената на правилото за странски играчи беше потешко да се создаде ростерот. Од самиот почеток на подготовките имаме промена на еден странски играчи. Ростерот останува ист, потпишани се странски играчи кои одговараат според нашата замисла, домашните играчи се претежно млади кошаркари освен капитенот. Од овој тим се очекува да даде една енергија, бидејќи и на тој начин се селектирани, без разлика на искуството кое го имаат или немаат. За мене е најважен е пристапот кој го имаат. И јас како управата имам исто очекувања, висок пласман, не значи дека секогаш може да се оствари тоа, моето искуство го покажува тоа.  Им се зблагодарувам на сите кои придонесоа за успехот за минатата година. Се надеваме дека сите што се врзани за спортот дека ќе не поддржат, ќе ја гледаат само спортската страна. Сето она што успеавме да направиме изминатиот период е ентузијастички“, изјави на прес-конференцијата Илиевски.

Капитенот Марјан Младеновиќ истакна дека и покрај младоста на тимот, играчите ќе дадат максимален ангажман. „Ние сме нова екипа за разлика од ростерот од минатата сезона. Добро се вклопивме како карактери како играчи кои сакаат да победуваат. Имаме доста млади играчи кои сакаат да се докажуваат, но ветувам 110% борба на теренот“, изјави капитенот на Скопје Марјан Младеновиќ.

Управата и стручниот штаб јавно најавија дека ќе инсистираат на силни домашни настапи и на развој на млади играчи како платформа за идни регионални настапи, додека влегуваат во новата сезона во Супер-лигата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи