Почетна
Македонија

Клековски: По консултации во Белград и Софија ќе се прецизираат деталите за третманот на повредените од „Пулс“

По средбите со српските и бугарските здравствени власти, министерот ќе ја соопшти финалната стратегија и ќе ја посети Кочани.

·Македонија
Клековски: По консултации во Белград и Софија ќе се прецизираат деталите за третманот на повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски најави нова фаза во лекувањето на повредените во пожарот во клубот „Пулс“, а деталите за натамошниот третман ќе се прецизираат по регионални консултации.

Клековски кажа дека веќе имал средба со здравствени претставници во Белград, а следната недела ќе оди и во Софија за разговори со бугарските колеги со цел да се дојде до конкретен клинички план за пациентите.

Консултации во Белград и Софија

„Во понеделникот бев во Белград и имав средба со министерот Лончар за да ги прецизираме деталите. Следната недела, в понеделник, ќе бидам во Бугарија на средба во Софија со нивната министерка. Очекувам со тоа да ги финализираме ставовите за следната фаза на лекување на повредените од Кочани“, изјави Клековски.

Министерот дополнително најави дека следната недела планира да оди и во Кочани, да се сретне со повредените и лично да им го соопшти планот за натамошниот медицински третман.

Пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година и повреди повеќе од 200 лица.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи