Клековски: Поранешната ковид-болница во Струга ќе стане амбуланта, болницата има добра хирургија
Клековски при посетата на ЈЗУ Општа болница – Струга рече дека неизвкристениот простор ќе се употреби за амбулантни и специјалистички услуги.

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети ЈЗУ Општа болница – Струга и Здравствен дом – Струга, каде оствари средби со директорот Владимир Бунчески и со здравствените работници и оцени дека болницата располага со добра хирургија.
Клековски посочи дека болницата има солидна дигестивна и торакална хирургија и најави конкретен чекор за реорганизација на просторот поврзан со поранешната ковид-болница.
Поранешната ковид-болница се пренамени во амбулантни простории
„Се презема конкретен чекор, поранешната ковид-болница се става во функција за амбуланти. Така се ослободува простор за нови специјалистички услуги, за пациентите да добиваат повеќе прегледи тука, во својот град“, соопшти Клекоски на својот Фејсбук профил.
Според министерот, просторот што со години стоел неискористен сега ќе им се врати на пациентите, што ќе овозможи проширување на амбулантните и специјалистичките услуги без потреба жители да патуваат надвор од Струга.
Директорот и здравствените тимови беа информирани за планот за пренамена; властите посочија дека целта е зголемување на пристапот до специјалистички консултации и дијагностички прегледи во самиот град.
Фото: прес-материјал од настанот


