Почетна
Македонија

Клиничката болница — Штип: продолжување на градбата најавено за есен 2027

Сашо Клековски вели дека одлуката на Светската банка на 27 март е клучен чекор пред владина и собраниска процедура за финансирањето.

·Македонија
Клиничката болница — Штип: продолжување на градбата најавено за есен 2027

Новата зграда на Клиничка болница‑Штип се очекува да продолжи со изградба во есента 2027 година, но само ако процедурите за финансирање поминат без пречки, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. За објектот, кој се гради повеќе од една деценија, во моментов се преговара за средства со Светската банка и Европската инвестициска банка, а на 27 март е предвидено управниот одбор на Светската банка да одлучи дали ќе одобри кредит.

Клековски го наведе и роковникот за натамошните чекори и нагласи дека на ниво на министри за финансии треба да се одвиваат преговори пред да се донесе конечната одлука. Тој посочи дека позитивната одлука на Светската банка треба да биде следена од владина и потоа собраниска процедура пред да може да се продолжи со градежните работи.

Патот до финансирањето

„Спрема распоредот на работите јануари или февруари треба да се одвиваат преговорите на ниво на министри на финансии, односно министерката за финансии да преговара, 27 март е предвидено управниот одбор на светската банка да донесе одлука за кредиот, да потоа влезе во Владина процедура во собраниска процедура и ако се биде во ред, есента 2027 да продолжиме со изградбата на КБ Штип-рече Клековски.“

Во рамки на истата престојна посета, министерот беше во Делчево и таму најави дека по подолга пауза ќе почнат мамографските прегледи за пациентите од Пијанечко‑малешевскиот регион, а новиот мамограф се очекува да профункционира на почетокот на наредната година.

„Во овој период ќе се изврши обука на техничарите во Кочани, докторката веќе работи на мамографија во Кочани. Значи од јануари 2027 во Делчево ќе биде достапна мамографија и ќе нема потреба да се патува во Кочани и оваа услуга секако ќе биде достапна и на жителите на соседните општини.“

Во изминатиот период, велат од здравството, во Здравствениот дом Делчево се реализирани 17 вработувања, од кои пет лекари во Делчево и тројца во Македонска Каменица.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи