Кочани: Дрон влезе во стан преку тераса и избегa
Станарите велат дека дронот ги разбудил и влегол во две спални на 11 септември; МВР побара проверка од Агенцијата за цивилно возухопловство.

На 11 септември во ОВР Кочани бил пријавен влез на дрон во станбена зграда во центарот на градот.
Станарите велат дека дронот влегол во спалната преку отворена врата
Станарите сведочат дека во првиот случај дронот влегол во спална соба преку отворена врата на терасата, додека тие спиеле. Звукот од пропелерите ги разбудил, а при обидот дронот да ја напушти просторијата се удрил во стаклото од вратата. Кратко потоа, дронот повторно навлегол во друга спална соба.
При обид да биде срушен, дронот успеал да избега преку вратата на терасата и да замине од местото.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е пријавен и дека се преземени полициски мерки и активности.
„ Известен е јавен обвинител и доставено е барање до Агенцијата за цивилно возухопловство за проверка дали во наведениот период било пријавено користење на дрон на подрачје на Општина Кочани. Во тек е постапување по насоки на јавниот обвинител, а по добивање на дополнителни сознанија за случајот ќе биде доставено известување до ОЈО Кочани “, информираат од МВР.
Фото: прес-материјал од настанот


