Почетна
Македонија

Кој ден граѓаните потрошиле најмногу струја — што покажуваат бројките од ЕВН?

ЕВН ја бележи јунската зголемена побарувачка поради топлотниот бран и поладниот јули; прашањето за хидроцентралите е отворено поради сушата во регионот.

·Македонија
Кој ден граѓаните потрошиле најмногу струја — што покажуваат бројките од ЕВН?

Анализата на ЕВН покажува дека краткиот топлотен бран во јуни ја зголеми потрошувачката на електрична енергија, додека пониските температури во јули ја намалија побарувачката во однос на ланскиот период.

Според анализа на ЕВН, во јуни краткиот топлотен бран повлече над 400 илјади мегават часови потрошена електрична енергија. Вкупно, во јуни биле потрошени 2,5 отсто повеќе струја отколку истиот месец минатата година. Најмногу е испорачано на 26 јуни, кога тогашните температури достигнаа максимум.

Поладен јули и ризикот од суши

Јули годинава се покажа поинаку: минатиот месец се потрошиле скоро 443 илјади мегават часови, но температурите беа значително пониски во споредба со јули лани, па Електродистрибуција испорачале помалку струја. Анализата на ЕВН покажува дека потрошувачката останува во рамки на планот.

Во меѓувреме, сушата предизвика проблеми во работењето на некои централи во повеќе европски земји кои се на Дунав — меѓу нив Србија, Унгарија, Романија и Бугарија — каде што водостојот е значително намален. Ова ја отвори дилемата дали и кај нас водата ќе биде проблем за хидроцентралите.

Од Министерството за енергетика уверуваат дека за сега нема простор за загриженост. Од друга страна, експертите порачаа дека треба да се внимава и предупредија дека може да дојде до скок на цената на електричната енергија на домашниот пазар доколку се појави потреба од извоз во државите погодени од сушата.

Долго време ЕСМ користеше хидропотенцијал за покривање на потребите; останува да се види дали во претстојната зима водата ќе го спаси ЕСМ од набавки на електрична енергија.

Автор Ирена Чачкова

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи