Која е Ана Чупиќ: сопругата на претседателот на Собранието, лекарка и мајка на шест деца
Лекарка која го замени животот во Белград со работа на семејниот имот во Сопот и органско производство.

Ана Чупиќ, сопругата на Александар Чупиќ, кој беше избран за претседател на Народното собрание на Србија, привлече внимание како лекарка, мајка на шест деца и управителка на сертифицирано органско стопанство во Сопот, под Космај.
Родена во Прокупље, Ана студирала медицина во Белград, каде го запознала и идниот сопруг. На подкастот „Живот на земји“ таа раскажа: „Од Прокупље сме и двајцата, но се запознавме дури во Белград, во студентски дом кога дојдов да студирам. Се среќававме во читалната и се дружевме една година. Не знаевме дека сме од исто место сè додека не се сретнавме таму за време на летниот распуст“, открива таа.
Пред преселбата на имотот, Ана работела во ортопедија во Прокупље, а подоцна и во белградска компанија за изработка на протези. По професија е докторка по општа медицина со дополнително усовршување во нутриционизам; со текот на времето ги спои медицината и работата на земјоделското стопанство.
Од стан во градот до семеен имот
Во 2011 година, кога Ана имала 29, а Александар 34 години и сè уште немале деца, двојката купила парцелa во Сопот и го напуштила животот во стан во Белград. Како што вели Ана, „желбата за деца нè одведе на село“, и покрај зачудените реакции од познаниците.
Стопанството е регистрирано во 2012 година на 2,6 хектари, а подоцна е проширено на околу 3,7 хектари. Она што почнало како потреба за здрава храна без синтетички пестициди и минерални ѓубрива прераснало во сертифицирано органско производство под брендот „д-р оргАна“. Работат пет пластеници, применуваат плодоред, користат сопствен расад и чувaт стари сорти домати, а вишоците ги преработуваат во домашна зимница.
Денес Ана и Александар имаат шест деца кои растат меѓу нивите, пластениците и секојдневните обврски на имотот. Ана вели дека не се откажала од лекарската професија, туку ја прилагодила на руралниот начин на живот и органското производство, а понекогаш на социјалните мрежи со хумор споделува како изгледа нивната работа: „ред смеа, ред расправија“.
Фото: прес-материјал од настанот


