Која е невестата што му го украде срцето на Иван Милевски?
27-годишниот пејач од Велес го кажа судбоносното „да“ — невестата е 23-годишната инфлуенсерка Сара Манеска од Прилеп, која живее во Швајцарија.

Македонската Гранд ѕвезда што Цеца го обожаваше, Иван Милевски (27) од Велес, ова лето организираше голема свадбена прослава која предизвика внимание во јавноста.
Сите погледи на свеченоста беа вперени кон невестата — 23-годишната Сара Манеска. Сара е родум од Прилеп, но со години живее и работи во Швајцарија како популарна инфлуенсерка и тиктокерка чиј материјал собира по неколку стотици илјади прегледи.
Од првото запознавање до големиот ден
Љубовната приказна започнала во Швајцарија, кога парот се запознал на еден од настапите на Иван. Од тогаш таа стана негова постојана поддршка — помагаше околу социјалните мрежи и го бодреше од бекстејџот на Zvezdite na Grand, каде што нејзиниот изглед моментално го привлекол вниманието на камерите и водителите.
Иван ја запроси на егзотично место во Малдиви, по што следувала граѓанска венчавка во јануари. Ова лето младоженците ја прославија љубовта со голема веселба за роднините и пријателите, а во план е и брачно патување во есенските денови.
На летната свеченост Сара пленеше во раскошна венчаница со корсет во „принцеза“ крој која ја истакна нејзината линија, а насмевката не ѝ беше симната цело време. Ониe кои ги следат сеќаваат и на нивната веридба, кога таа се качи на тапанот и заигра, создавајќи луда атмосфера.
По гала-прославата, парот се подготвува за заедничкото брачно патување и за животот што ги чека како сопружници.
Фото: прес-материјал од настанот