Почетна
Македонија

Комбе со 18 деца запрено кај Куманово — откриени неисправни сопирачки, возилото исклучено од сообраќај

Полицијата откри двојно повеќе патници од дозволеното и техничка неисправност на кочниците; возилото е исклучено од употреба.

·Македонија
Комбе со 18 деца запрено кај Куманово — откриени неисправни сопирачки, возилото исклучено од сообраќај

Комбе кое вршело организиран превоз на ученици било запрено и проверено утрово на локалниот пат Куманово–Табановце, при што полицијата откри двојно поголем број на патници и технички недостатоци на возилото.

Исклучено од сообраќај поради неисправни кочници

Во комбето со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Куманово, биле превезувани 18 деца, иако според сообраќајната дозвола возилото е регистрирано за превоз на најмногу девет лица, вклучително и возачот.

Со возилото управувал 49-годишниот С.П. од Куманово. При контролата бил извршен вонреден технички преглед, при што стручните лица утврдиле техничка неисправност на системот за сопирање — констатирани се недостатоци во силата на сопирањето на работната и помошната кочница.

Против правниот субјект, одговорното лице во правното лице и возачот се преземени соодветни мерки и тие ќе се соочат со законски предвидени санкции.

Возилото е исклучено од сообраќај и ќе остане надвор од употреба до отстранување на утврдените недостатоци.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи