Почетна
Македонија

Комората доби ISAR HONOURS на UNCTAD за 2026

Наградата во Женева го признава искуството на Комората во промоцијата на одржливи практики и известување за SDG.

·Македонија
Комората доби ISAR HONOURS на UNCTAD за 2026

Стопанската комора е добитник на наградата ISAR HONOURS на UNCTAD за 2026 година, доделена во Женева по поминување на сите филтри преку системот на одлучувачкото гласање за наградата.

Наградата ISAR HONOURS има за цел да ја зголеми свесноста и да ја промовира размената на најдобрите меѓународни практики во областа на одржливоста и известувањето за целите на одржлив развој (SDGs) како неразделен дел од корпоративното нефинансиско известување. Од воведувањето во 2018 година, околу 450 иницијативи од преку 60 земји од шест различни географски региони биле номинирани за ова признание.

Практични мерки наведени во кандидатурата

Во образложението се наведува дека Комората имплементирала низа активности и алатки за поддршка на приватниот сектор, меѓу кои се:

  • Водич за декарбонизација (EIB) што го воведовме за компаниите;
  • Формирање Центар за циркуларна економија;
  • Промоција на ESG стандарди, ISO стандарди и CBAM водичот.

Со ова меѓународно признание, Комората добива потврда за своите заложби за подигање на свесноста и за поддршка при имплементацијата на овие стандарди кај компаниите.

Комората и порано беше добитник на низа високи меѓународни признанија, вклучително и Орденот на заслуги за Комората и Признание за претседателот Азески од претседателот на државата по повод сто годишнината на коморското делување.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи