Почетна
Македонија

Компанија на братучед на директорот добила пет тендери од болницата во Бардовци, ДУИ бара истрага

ДУИ тврди дека „Индиго Инц“, поврзана со братучед на директорот Иса Авдулаи, добила пет тендери и бара проверка од Антикорупциската комисија и Бирото за јавни набавки.

·Македонија
Компанија на братучед на директорот добила пет тендери од болницата во Бардовци, ДУИ бара истрага

Демократската унија за интеграција (ДУИ) побара институционална истрага откако обвини дека компанијата „Индиго Инц“, поврзана со братучед на директорот на Психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци, добила пет тендери од таа установа по преземањето на директорската функција.

Според партијата, првиот тендер бил потпишан три месеци откако Иса Авдулаи е именуван на позицијата, во октомври 2024 година, и изнесувал 600 илјади денари. По овој, велат од ДУИ, „Индиго Инц“ добила уште четири тендери, меѓу кои и овогодишниот тендер за ИТ-системи и лиценци во вредност од околу 42 илјади евра.

На денешната прес-конференција потпретседателката и портпаролка на ДУИ, Арта Биљали Зендели, рече: "Сопственикот на компанијата, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи – семејна поврзаност која самиот директор ја има признато. Ниту фактот што сопственикот ја променил раководната функција во компанијата непосредно пред првиот тендер не ја брише нивната семејна поврзаност".

Што бара ДУИ

Партијата побара Антикорупциската комисија и Бирото за јавни набавки целосно да ги истражат петте тендерски постапки, вклучително проверка на критериумите, понудите, учесниците и изборот на компаниите. ДУИ нагласува дека не е доволно постапките да се прогласат за законски без соодветна документација.

„Кога компанија семејно поврзана со раководителот на јавна институција добива пет тендери од истата институција, целосната транспарентност и проверка на постапките се обврска, а не избор“, велат од ДУИ и предупредуваат дека болницата во Бардовци не смее да се претвори во семеен бизнис.

Од партијата истакнуваат дека се потребни конкретни документи за да се аргументира законитоста на постапките. За сега нема јавен став од болницата или од директорот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи