Почетна
Македонија

Кривична пријава поднесена по претепувањето на Сара во Охрид; мајката тврди дека напаѓачот сакал да се ослободи од нејзиното тело

Мајката тврди дека осомничениот наводно мислел дека девојката е мртва и барал начин да се ослободи од нејзиното тело.

·Македонија
Кривична пријава поднесена по претепувањето на Сара во Охрид; мајката тврди дека напаѓачот сакал да се ослободи од нејзиното тело

Мајката на Сара, 26-годишната девојка која беше пронајдена без свест и со тешки повреди по брутален напад во Охрид, објави потресно сведоштво на социјалните мрежи. Таа вели дека нејзината ќерка сè уште е хоспитализирана и дека живее во страв за сопствената безбедност.

Ирена Ѓорѓиеска во објавата тврди дека напаѓачот Кристијан од Охрид, откако ја претепал Сара до бессознание, наводно мислел дека таа е мртва и повикал на помош за да се ослободи од нејзиното тело. Мајката наведува дека Сара ги слушнала разговорите додека била во крајно беспомошна состојба.

„ Собери ги сите познаници, да го прикриеме нештово и да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“, пишува Ѓорѓиеска во објавата, додавајќи дека телефонот на девојката бил намерно искршен и ѝ била одземена можноста да повика помош.

Поднесена кривична пријава, осомничениот лишен од слобода

СВР Охрид денеска поднесе кривична пријава против К. К. (31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда по член 131, став 3 од Кривичниот законик. Како што рече портпаролот Стефан Димоски, нападот се случил на 15.11.2026 околу 02:00 часот по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил.

„ На 15.11.2026 околу 02:00 часот, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал неговата 26-годишна девојка од Охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата ‘ Св. Еразмо ‘ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Преземени се мерки и набргу по настанот, во 05:05 часот, К. К. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. П о барање на ОЈО, Основен суд во Охрид донесе решение и му изрече мерки на претпазливост“, кажа Димоски.

Мајката тврди дека лица од опкружувањето на осомничениот одбивале да ја однесат Сара во болница и дека напаѓачот наводно побарал нож за да ја „докрајчи“. Таа додава дека најголема среќа е што Сара се освестила пред да успее да ја однесе и фрли во провалија; потоа била пронајдена на улица пред маркет и итно пренесена во болница.

Во објавата мајката укажува и на семејните врски на осомничениот: неговата мајка, Љубинка Корабоска, била претходно претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а таткото е инспектор во УЈП. Таа вели дека осомничениот се фалел оти неговите родители можат „да средат“ сè, и го повикува правосудството да не дозволи поткупливост и недопирливост поради врски.

Од болницата „Св. Еразмо“ велат дека по извршените прегледи кај девојката се констатирани хематоми, нагмеченици и други телесни повреди. Во моментов таа дава исказ пред надлежното обвинителство по што се очекува да биде пуштена на домашно лекување.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи