Почетна
Македонија

Кривична пријава против директорот на ЈП „Национални шуми“ – вработените наместо регрес добивале дрва за огрев

Синдикатот тврди дека работниците наместо паричен регрес добивале дрва за огрев и побара институционална реакција.

·Македонија
Кривична пријава против директорот на ЈП „Национални шуми“ – вработените наместо регрес добивале дрва за огрев

Синдикатот на ЈП „Национални шуми“ поднесе кривична пријава против директорот на јавното претпријатие, пријавувајќи злоупотреба на службената положба и повреда на работничките права.

Од синдикатот информираат дека пријавата е поднесена денеска до надлежното Основно јавно обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и повреда на правата од работен однос, согласно Кривичниот законик.

Вработените, според синдикатот, добивале дрва наместо регрес

Синдикатот наведува дека вработените, наместо парични средства за регрес, добивале дрва за огрев. Од таму ги повикуваат обвинителните органи да постапат независно и непристрасно и да ги проверат пријавените неправилности.

„Вработените наместо парични средства за регрес добиваат дрва за огрев. Ова прашање не смее да остане без институционална разрешница, а неправдата кон работниците мора да биде исправена“, наведуваат од синдикатот, најавувајќи дека ќе продолжат да ги штитат интересите и достоинството на вработените.

Во соопштението синдикатот додава дека нема да молчи при повреда на работничките права и потенцира: „Работничките права не се привилегија, туку законска обврска“.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи