Почетна
Македонија

Кривични пријави за двајца од Радовиш за производство и продажба на мраз со бактерии

МВР соопшти дека при претресите на 16 септември е утврдено присуство на бактерии, а водата за мраз била обезбедувана од нелегален приклучок.

·Македонија
Кривични пријави за двајца од Радовиш за производство и продажба на мраз со бактерии

Двајца жители на Радовиш добија кривични пријави откако беше утврдено дека произведувале и продавале мраз со присуство на бактерии, а водата за производство ја обезбедувале од нелегален приклучок на водоводната мрежа, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Т. Д. (62) и С. Д. (62), поради постоење на основано сомневање дека извршиле продолжено кривично дело "производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти" по член 213 Кривичниот законик.

Претреси и најдена контаминација

Како што појасни МВР, пријавените повеќе години како нерегистрирани производители на мраз вршеле производство во импровизирани и нехигиенски услови и така небезбедно произведен го пуштале во промет на други правни и физички лица. Во произлезени испитувања е утврдено присуство на бактерии во мразот.

На 16 септември, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш, во координација со државен инспектор за храна од Агенција за храна и ветеринарство, извршиле претреси во дом и други простории на четири локации кои ги користеле пријавените.

Кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство Радовиш за понатамошно постапување.

Фото: МВР)

Поврзани написи