Почетна
Македонија

Куче нападна две вработени од Центарот за социјална работа во Неготино

Павлинка Волканоска вели дека кучето се одврзало во дворот и неколкупати се нафрлило врз нив за време на службена посета.

·Македонија
Куче нападна две вработени од Центарот за социјална работа во Неготино

Две вработени од Центарот за социјална работа во Неготино биле изложени на опасна ситуација откако домашно куче се нафрлило врз нив за време на службена теренска посета, соопшти денеска вработената Павлинка Волканоска.

Според нејзиното обраќање, претходно службите се најавиле кај домаќинството и побарале животното да биде обезбедено, оти пред една недела истото куче нападнало стара жена. Кога со колешка дошле на увид, кучето постојано лаело, а подоцна успеало да се одврзе и неколкупати да се нафрли на вработените.

"Ние претходно се најавивме и им укажавме да го обезбедат кучето затоа што пред една недела искасало стара жена. Кога стигнавме, кучето во дворот непрекинато лаеше, а потоа се откачи и повеќепати тргна, ме нападна. Кучето се одврзало при што лаејќи, се насочи кон колешката, а потоа и кон мене и се обидуваше да ме касне. Ситуацијата траеше околу десет минути. Сопственичката во почетокот беше на терасата, а кучето беше фатено за ремче дури откако таа излезе во дворот, а претходно во ниту еден наврат не му се обратија на кучето да се смири," истакнува Волканоска.

Таа вели дека не претрпела физичка повреда, но дека на облеката има траги од контактот со кучето и дека го документирaла настанот со фотографии. "Сепак, на облеката има траги од контактот со кучето, од тоа што неколкупати се нафрли на мене, документирав со фотографии. Настанот предизвика силна вознемиреност и отвори сериозно прашање за безбедноста на вработените кои вршат теренска работа. Дополнително, настанот е прикажан во полициската евиденција како поплака дека сум била исплашена од заврзано куче во двор и од таа причина сум пријавила. Сметам дека таквиот краток опис не го прикажува целосно она што се случи. Поради тоа барам настанот да биде соодветно документиран и да се разгледаат околностите врз основа на целосниот опис и сведочењето на присутната колешка," нагласува Волканоска.

Во своето обраќање таа појаснува дека целта не е јавно посочување на приватни лица, туку укажување на потребата од заштита на вработените кои вршат теренска работа, одговорно однесување на сопствениците на домашни миленици и професионалност во однос на сите чинители.

Во медицински документ се вели дека Волканоска се јавила на преглед во Итна медицинска помош вчера во 11:20 часот поради напад од куче за време на вршење на службената дејност, при што се пожалла на чувство на вознемиреност и страв. Случајот бил пријавен во полиција.

Во писмен одговор од Секторот за внатрешни работи – Велес се вели: "Во врска со прашањето, информираме дека вчера во ОВР - Неготино, П.В.(41) од овој град, пријавила дека додека со својата колешка извршувале работни обврски како претставници од Центар за социјални работи - Неготино, во двор, куче - домашен миленик, кое било врзано со ланец, сопственост на З.Д.(52) од Неготино, започнало да лае, а при излегување од домот, им се нафрлило, но, не им нанело повреди. Извршени биле службени разговори, изготвен бил службен материјал, а во врска со пријавеното во ОВР - Неготино не е доставена лекарска документација. Полициски службеници од ОВР - Неготино писмено го предупредиле З.Д. и известен бил јавен обвинител, според кој, наведениот настан нема елементи на кривично дело."

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи