Почетна
Магазин

Kumova Reserve од „Тиквеш“ освои златен медал на Spirits Selection

Kumova Reserve, лозова ракија 45% од Смедеревка, доби златен медал на Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles.

·Магазин
Kumova Reserve од „Тиквеш“ освои златен медал на Spirits Selection

Винарската визба „Тиквеш“ доби ново меѓународно признание: лозовата ракија Kumova Reserve се закити со златен медал на „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“.

Натпреварот одлучува преку слепи дегустации

Ова меѓународно натпреварување ги бодува жестоките пијалаци во различни категории, а оценувањето се врши преку слепи дегустации во строго контролирани услови. Жирито го сочинуваат внимателно избрани меѓународни експерти и професионални дегустатори, кои донесуваат одлуки исклучиво врз основа на квалитетот и сетилните карактеристики.

Kumova Reserve е премиум лозова ракија создадена со комбинација од традиција и современи производствени пристапи. Производот е базиран првенствено на дестилати од сортата грозје Смедеревка, има 45% алкохол и отлежува околу три-четири години во комбинација од стари и нови дабови буриња, што ѝ дава комплексност и длабочина.

Во изглед се забележува интензивна златна боја, додека во мирис доминираат слоевити ароми на црвено јаболко, свежо грозје и чоколадо, со суптилен допир на ванила. Вкусот е богат и мек, со ноти на овошен џем и добро интегриран даб; совршената рамнотежа помеѓу алкохолот и ароматиката создава заокружен впечаток со суптилна горчлива нота на завршницата.

Наградата за Kumova Reserve се надоврзува на долготрајните меѓународни успеси на „Тиквеш“, кои во просек освојуваат над 100 награди и признанија годишно, вклучително почести од Decanter World Wine Awards, International Wine Challenge, Mundus Vini и Sakura Japan Women’s Wine Awards. Со тоа визбата продолжува да ја афирмира квалитетната традиција на македонските вина и жестоки пијалаци на светската сцена.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи