Куп на Македонија: Струга ТЛ 10:1, Македонија ЃП 14:0
Струга ТЛ постигна десет гола во Валандово, Македонија ЃП славеше со 14:0; Пелистер и Брера исто така поминаа во следната рунда.

Попладнево, на 2 септември 2026 година, се одиграа четири натпревари од 1/16-финалето во Купот на Македонија, а неколку мечеви завршија со високи резултати кои го решија прашањето за пласманот во следната рунда.
Струга ТЛ и Македонија ЃП со големи победи
Струга ТЛ како гостин во Валандово ја победии Победа Валандово со убедливи 10:1. Тренерот Бледи Шкемби им даде шанса на помладите играчи: Флоријан Рочи постигна четири гола, а 16-годишниот Агон Демири беше стрелец на два.
Пелистер во Горно Лисиче го совлада составот на Студеничани со 1:6. Стрелци на головите беа Стојилевски, П.Љамчевски, Сиваков, К.Стојанов, М.Талевски. Пресилски.
Брера немааше проблеми против Венец Неготино и славеше со 8:0, а најубедливиот резултат го постигна Македонија ЃП, која победи над Велазерими со 14:0.
РЕЗУЛТАТИ – 1/16 ФИНАЛЕ (02.09.2026):
- Победа Валандово – Струга ТЛ 1:10
- Студеничани – Пелистер 1:6
- Велазерими – Македонија ЃП 0:14
- Венец Неготино – Брера 0:8
Во календарот натпревари следува: УТРЕ (03.09.2026) во 16:30 ч – Овче Поле – Вардар. Останатите средби од првото коло се распоредени за 9 септември, 24 септември, 6 и 14 октомври 2026 година.
Фото: прес-материјал од настанот


