Почетна
Македонија

КЗК изврши вонредни контроли во над 30 откупни центри за пиперка и јаболко

Инспекциските тимови проверувале формирање на откупните цени, условите за откуп и механизмите за менување на цените во неколку општини.

·Македонија
КЗК изврши вонредни контроли во над 30 откупни центри за пиперка и јаболко

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) спровела вонредни контролни активности во над 30 откупни центри за земјоделски и градинарски производи на територијата на Гевгелија, Струмица, Кривогаштани и Ресен, при што биле констатирани првични индиции за можни прекршувања на законските прописи.

Надзорот беше насочен кон пиперката и јаболкото

Инспекторите реализирале непосредни увиди и прибирање документација со главен фокус на откупот на пиперката и јаболкото. Притоа проверувале како се формираат откупните цени, под кои услови се врши откупот и кои механизми ги користат откупните центри при утврдувањето и менувањето на цените на пазарот.

„При досегашната обработка на прибраните податоци и документација се утврдени одредени индиции кои упатуваат на можни прекршувања на прописите од надлежност на Комисијата. Комисијата во наредниот период ќе продолжи со детална анализа и проверка на прибраните податоци и документација, по што, согласно утврдените факти и законските овластувања, ќе бидат преземени соодветни мерки“,

информираат од КЗК.

Комисијата ја потврдува определбата за доследно спроведување на правилата за пазарна конкуренција и најавува дека ќе постапува активно во сите случаи каде постои сомнеж за нивно нарушување, со цел да се обезбедат еднакви пазарни услови и да се заштитат интересите на сите учесници на пазарот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи