Почетна
Политика

Левица: Една година без исплати за самостојно работещите лица со попреченост

Левица бара итна исплата на заостанатите средства, транспарентност за долгот од 2025 и сигурно финансирање во 2026.

·Политика
Левица: Една година без исплати за самостојно работещите лица со попреченост

Партијата Левица денеска реагира дека лица со попреченост кои самостојно работат веќе една година не добиваат враќања на средствата што им припаѓаат и бара итна реакција од Владата на ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека последната исплата била за јули 2025 година и била реализирана дури во јануари 2026 година; по таа трансакција нема нови исплати, иако корисниците продолжуваат да работат и редовно да ги подмируваат своите обврски.

За што станува збор

Станува збор за систем на финансиска поддршка преку кој на лице со попреченост што самостојно врши дејност му се овозможува да ги подмиирува придонесите за пензиско и здравствено осигурување, а потоа тие средства да му бидат рефундирани преку Посебниот фонд за вработување на лица со попреченост.

Левица предупредува дека кога државата го прекинува плаќањето, целиот трошок останува кај лицето кое веќе ги подмирило обврските. Партијата ја обвинува Владата и дека во текот на 2026 година сѐ уште обезбедува средства за да ги покрие обврските од претходната година, наместо да обезбеди редовно финансирање за тековните обврски.

Поради тоа Левица бара итна исплата на заостанатите средства, целосна транспарентност за долгот од 2025 и обврските за 2026 година и стабилно финансирање на програмата, за механизмот навистина да овозможи економска самостојност на лицата со попреченост.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи