Почетна
Македонија

Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години — ДПМНЕ ја спушти големата правда за Груби

Левица бара од Обвинителството да објасни зошто истрагата за тврдените 501.319.119 денари се заврши со обвинение со многу пониска казнена рамка.

·Македонија
Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години — ДПМНЕ ја спушти големата правда за Груби

Опозициската партија Левица денеска ги обвини ДПМНЕ и владејачките структури дека „ја спуштиле големата правда“ откако истрага за Артан Груби, која почна со тврдења за милионски проневери, завршила со обвинение чија максимална казна изнесува пет години затвор.

Во соопштението партията потсетува дека Обвинителството на 16 декември 2024 ја отвори истрагата за проневера во службата и дека од прибраните докази произлегува основано сомнение за противправна корист во износ од 501.319.119 денари. Левица потсетува и дека на 24 февруари 2026 Обвинителството јавно соопшти дека прогонот против него продолжува токму за проневера и дека по истрагата се обезбедени најголемиот дел од потребните докази.

"Уште поинтересно: на 24 февруари 2026 истото Обвинителство јавно соопшти дека прогонот против него продолжува токму за проневера и дека по истрагата се обезбедени најголемиот дел од потребните докази."

Левица ги поставува и директните прашања: "Е па сега јавноста има право да праша како докази што тогаш беа обезбедени исчезнаа во нивната правна анализа за шест месеци и како истрагата за дело со казна од најмалку четири до дваесет години заврши со обвинение за дело за кое казнената рамка оди најмногу до пет години?" - прашуваат од Левица.

Партијата бара јасни одговори

Во соопштението опозициската партија наведува дека патот до ова обвинение е „уште поголем резил“ и ги критикуваше методите со кои ДПМНЕ го направи Груби централна фигура на својата кампања против корупцијата — со прес‑конференции, најави за крупни риби и триумфални соопштенија дека правда ќе има.

"Груби на ДПМНЕ им помина преку граница, беше недостапен околу 14 месеци, не го обезбедија, се врати, Обвинителството побара куќен притвор со образложение дека доказите главно се обезбедени, а денес најгласниот симбол на нивната неселективна правда влегува во судница со правна квалификација неспоредливо поблага од онаа со која започна истрагата.", стои во соопштението. "Ако после сите нивни пресови, закани и патетични декларации ова е врвот на државната пресметка со високата корупција, тогаш Мицкоски изградил фабрика за политичка бучава во која крупните случаи влегуваат како спектакл, а излегуваат како мачкина кашлица." - истакнуваат од партијата.

Левица го повикува Обвинителството да објасни кој елемент на првично истражуваната проневера не бил потврден со доказите, кои факти ја наложиле преквалификацијата и како доказите што во февруари беа прогласени за речиси целосно обезбедени доведоа до ваков обвинителен епилог.

"Ако ДПМНЕ вака ги лови крупните риби, јавноста има добра причина да стравува дека повторно ќе добиеме македонска класика на спектакл на почетокот, слабеење по пат и епилог несразмерен на вревата со која ДПМНЕ ја освои власта" - завршува соопштението на опозициската партија.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи