Почетна
Политика

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

Партијата тврди дека владин записник не може да го замени потребниот акт за одобрување на исплатата од акционерското друштво.

·Политика
Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

Левица денеска жестоко реагира на објаснувањата на директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, кој изјави дека за исплата од 300 милиони денари поврзана со настапот на Гета доволен е владин записник.

Колку е исплатено и кој го организира настанот

При презентирањето на трошоците, Климовски откри дека за хонорарите на 67 артисти се издвоени околу два милиона евра, но дека колку кој добил за својот настап знае само Стардаст – компанијата што ја организирала прославата по повод 35‑години независност.

Левица наведува дека поставиле прашање дали постои записник од Собранието на акционери со кој е одобрена ваквата операција. Директорот, наводно, се повикал на одлука на Владата и тврдел дека Владата постапувала во својство на акционер.

Во својата изјава Климовски рече: "Дали ќе бидат одлуки формални или ќе бидат во нашиот записник, во текстот на записникот, тие нѐ обврзуваат." Според Левица, со такво објаснување директорот практично ја поставува формата и документацијата во втор план кога Владата ќе одлучи каде да одат јавните пари.

Партијата нагласува дека Државна лотарија е акционерско друштво и дека одлуките за располагање со средства мора да се носат согласно законски пропишаните процедури. Владата како претставник на единствениот акционер не може само со налог да ги заобиколи тие процедури ниту да го замени потребниот акт за одобрување на исплатата од 300 милиони денари со повикување на владин записник.

Во соопштението Левица додава дека навиката на ВМРО‑ДПМНЕ да ги држи институциите под партиска контрола создава илузија дека може да се заобиколуваат законите при потреба. Кога институциите се третираат како партиски продолжени раце, а не како органи што управуваат со јавен капитал, не е неочекувано што, фатени во тесно, наместо со документи да одговорат, се обидуваат да ја релативизираат сопствената одговорност.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи