Почетна
Политика

Собранието ја изгласа измената на Кривичниот законик, опозицијата предупредува на неказнивост

Владеачкото мнозинство ги нарекува измени кратки и наменски заради СЕПА; опозицијата тврди дека станува збор за ад хок поправки што ги намалуваат обвиненијата.

·Политика
Собранието ја изгласа измената на Кривичниот законик, опозицијата предупредува на неказнивост

Собранието изгласа измени на Кривичниот законик кои владејачкото мнозинство ги претстави како кратка, наменска интервенција со цел усогласување на домашното законодавство со европските финансиски стандарди и справување со ризиците поврзани со членството на Македонија во СЕПА.

Од мнозинството објаснуваат дека измените се наменети за зајакнување на контролата на перењето на пари, финансирањето на тероризмот и конфискувањето на имот поврзан со овие кривични дела, со цел да се заштити оствареното членство во единствената европска платежна област. Предлог-измени потпишани се од пратеници на владејачката коалиција.

Опозицијата говори за неказнивост

Опозицијата реагира дека станува збор за законски „крпеници“ кои го менуваат опсегот на кривичната одговорност и оставаат отворена можност за неказнивост. Посебни реакции предизвика бришењето на одредба која предвидуваше затвор од една до десет години за службени и одговорни лица кои поради небрежност не успеале да спречат финансирање тероризам.

Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, рече: "Измените се однесуваат само на кривични дела со коишто се зајакнува контролата на перењето на пари, финансирање на тероризам и конфискување на имот поврзан со овие дела, а сѐ со цел да се заштити постигнатото остварување на Македонија и членството во СЕПА, единствената европска платежна област. Овие предлог измени се по препорака на Советот на Европа и на нивната експертска група за овие дела, коишто се дадени уште во мај 2023 година, но за жал досега не биле спроведени".

Амар Мециновиќ од Левица ги критикуваше измените како привремени решенија наместо целосна реформа: "Тоа што го гледаме од мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во последните две години е третирање на Кривичниот законик и кривичната пракса како нешто што може да се решава со ад хок решенија – како што ќе се менуваат условите и како што ќе настануваат големи проблеми кои се воочуваат во нашето општество. Кога ќе дојде самиот закон на материјална расправа ќе изнесеме свои ставови, но тоа што јавноста треба да го знае е дека неказнивоста продолжува да постои и нов Кривичен законик не се носи во целост затоа што тоа не одговара во балансот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и неказнивоста на нивните функционери".

Од владејачкото мнозинство уверуваат дека спорните прашања ќе бидат опфатени и со новиот Кривичен законик, чие донесување се очекува, но сѐ уште не е завршено.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи