Ли Џае‑Мјунг: Јужна Кореја нема да испраќа трупи во Ормускиот теснец
Ли истакна дека Сеул ќе избегнува активности што би довеле до директно учество во војна, додека ќе бара начини за заштита на трговската пловидба и на граѓаните.

Јужнокорејскиот претседател Ли Џае-Мјунг изјави дека Сеул нема да испраќа воени сили во Ормускиот теснец доколку такво распоредување би значело вклученост во конфликтот на Блискиот Исток.
Нема испраќање трупи, но се бараат начини за заштита
Ли нагласи дека владата нема да преземе активности што би можеле да доведат до директно учество во војната, но дека се потребни минимални мерки за заштита на јужнокорејските трговски бродови, транспортот на сурова нафта и безбедноста на граѓаните.
Според претседателот, загриженоста во јавноста произлегува од можноста овие заштитни активности да се измешаат со воени операции, поради што тој наредил да се проучат практични начини за обезбедување на неопходната заштита во регионот, без вклучување во конфликтот.
– Во врска со прашањето за распоредување трупи, можам да го кажам следново: нема да им распоредување што би значело вклученост или ангажман во конфликтот. Тоа можам јасно да го потврдам. Нема да има никакво учество или вклученост во конфликтот.Нема да спроведиме таков вид распоредување, ниту пак ќе испратиме воени ресурси во таа форма , изјави Ли Џае-Мјунг.
Претседателот додаде дека Сеул ќе разгледува само ограничени, ненасилни мерки за заштита на пловидбата и на јужнокорејските државјани, но повтори дека земјата нема да стане страна во војната.
Фото: прес-материјал од настанот


