Северна Кореја поврзана со кражбата на 6,34 милијарди долари од „Бајнанс“; хакирањето траело 20 минути
TRM Labs и Chainalysis ја поврзуваат кражбата со севернокорејски сајбер единици; нападот траел околу 20 минути.

„Бајнанс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека замрзнала околу половина од средствата украдени во најголемото хакирање во историјата, во кое било пристапено до 6,34 милијарди долари.
Компанијата наведува дека три милијарди долари од украдените дигитални средства се обезбедени, но голем дел сè уште е во рацете на неидентификувани хакери. Првично се помислувало дека е компромитиран лаптоп на инженер, но подоцна истрагата покажа дека нападот бил поширок.
Кој стои зад нападот?
Неколку аналитички фирми го поврзаа хакирањето со севернокорејска хакерска единица. Тајната служба на САД соопшти дека „работи деноноќно за да ги идентификува, замрзне, пронајде и врати украдените средства “. „Бајнанс“ им порача на своите корисници дека нивните пари се безбедни и дека компанијата ги покрива сите загуби.
Според компанијата, најголемиот дел од грабежот се одвивал околу 20 минути, почнувајќи доцна во четврток. Аналитичарите од TRM Labs и Chainalysis сметаат дека нападот има сличности со претходни големи напади за кои е обвинета Северна Кореја, а американските и јужнокорејските власти и експертите за сајбербезбедност со години предупредуваат на користењето државни сајберединици за шпионажа и финансиски кражби.
„Ова не го извршило едно лице. Нашата првична истрага сугерираше дека безбедносниот инцидент можеби вклучувал компромитиран лаптоп, но нашата последовна истрага откри дополнителни точки на п робив. Хакерите користеле механизам за самоуништување, кој уништувал алатки и траги во текот на нивното движење, што ни ги отежнува следењето и истрагата“, изјави еден од извршните директори на „Бајнанс“, Ричард Тенг.
„Бајнанс“ е основана во Кина во 2017 година и ѝ овозможува на пазарот да тргува со дигитални средства; се проценува дека има повеќе од 300 милиони регистрирани корисници ширум светот. Компанијата во 2024 година соопшти дека располага со повеќе од 160 милијарди долари.
Фото: ДПА)


