Почетна
Магазин

Лидија Вукичевиќ на 64: позираше во црно долна облека и ја откри рутината за младешки изглед

Актерката на 64 години позираше од хотелска соба во Турција и откри како го одржува младешкиот изглед преку исхрана, навики и внатрешен мир.

·Магазин
Лидија Вукичевиќ на 64: позираше во црно долна облека и ја откри рутината за младешки изглед

Лидија Вукичевиќ, која наполни 64 години, повторно ги разбуди социјалните мрежи со низа провокативни фотографии од одмор во Турција, покажувајќи дека за неа годините се само бројка. Познатата актерка, која е запаметена од серии како „Подобар живот“ и „Жикина династија“, се појави во серија слики од хотелската соба кои веднаш предизвикаа реакции.

На фотографиите носеше црн топ и црна долна облека, крпа на главата и темни очила за сонце; во еден момент имаше чепкалка за заби во устата — детал што многумина го оценија како лежерен и самоуверен потег.

Режим на исхрана и прошетки наместо теретана

Нејзината витка линија и интензивниот тен предизвикаа лавина коментари, но зад тоа стои стриктна дисциплина. Лидија не јаде месо, избегнува лоши масти и слатки; нејзиното мени главно се состои од риба, зеленчук и овошје. Таа открила и дека во животот никогаш не пиела алкохол и дека пие исклучиво вода, лимонада и исцеден портокал.

Често го прескокнува појадокот или консумира само чиа семе и овошје, а првиот главен оброк ѝ е дури по 16 часот. Наместо класични теретани, тајната на нејзиниот изглед е долгите прошетки во природа со домашните миленичиња — кучињата и мачките што ги згрижува.

За изворот на младешкиот изглед Лидија јасно зборуваше: "Многумина ме прашуваат која е тајната, но мислам дека е тоа — весело срце! Луѓето со позитивни мисли и со радост што секогаш ја носат во себе не ги добиваат оние неубави брчки и остануваат духовно млади. Внатрешното чувство секогаш делува на надворешниот изглед", сподели актерката во една прилика во разговорот за Гламур.

Позната и по редовните гостувања во Македонија со театарски претстави, таа не ја крие големата наклонетост кон нашата публика. "Охрид е незаменлив!" истакна, додавајќи: "Јас во Македонија се чувствувам како дома! Скоро цела земја ја пропатувавме, но Охрид е незаменлив. Тој е фантастичен град со голем број цркви и ми е најомиленото место. Македонската публика е многу образована и театарски стручна. Сите овие луѓе се мој народ — јас сум нивна и тие се мои!" Со провокативните кадри или со искрените пораки за животот и љубовта, Лидија уште еднаш покажа зошто со децении ја носи титулата жена со вонвременска убавина.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи