Почетна
Македонија

Љупчо Пецов осуден на две години условно по признание на вина

Кривичниот суд соопшти дека пресудата станала правосилна на 21 септември 2026 и вклучува парични казни и забрани за управување со правни лица.

·Македонија
Љупчо Пецов осуден на две години условно по признание на вина

Љупчо Пецов, познат како „Ѓаволот“, е правосилно осуден на две години затвор, но казната нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело.

Пресудата е донесена откако Пецов признал вина на 24 август 2026 година, а бидејќи ниту една од странките не поднела жалба, таа станала правосилна на 21 септември 2026 година, соопштиле од Кривичниот суд.

Изречени казни и забрани

Покрај казната затвор од две години која е условна, на Пецов му е изречена парична казна од 8.000 евра. Судот одредил и споредна казна — забрана за вршење дејност како основач или управител на правно лице, односно забрана да управува, раководи или располага со имот на правно лице, во траење од десет години.

На обвинетото правно лице ДУТУД А.К.А.П. ДООЕЛ, кое се наоѓа во стечај, му е изречена парична казна од 1.000.000 денари. Дополнително, за Пецов се изречени забрани во траење од пет години: забрана за добивање дозвола, лиценца и концесија утврдени со посебен закон, забрана за учество во постапка за јавен повик, како и забрана за основање нови правни лица.

Од Кривичниот суд посочуваат дека при определувањето на казната била земена предвид и потребата од обезбедување процесна избалансираност во однос на останатите обвинети во комплексниот кривично-правен случај. Судот наведува дека и други обвинети признале вина, ја надоместиле паричната штета и во раздвоените постапки им биле изречени алтернативни мерки.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи