Почетна
Македонија

Мајката на судијата Ѓоко Ристов сведочеше: 350.000 евра ги чувам од 1975

Донка Ристов изјави дека готовината била чувана со децении зад работна маса и фрижидер и била откриена при повторен претрес.

·Македонија
Мајката на судијата Ѓоко Ристов сведочеше: 350.000 евра ги чувам од 1975

Денеска во Кривичниот суд сведочеше Донка Ристов, мајка на апелациониот судија Ѓоко Ристов, на судењето за случајот со 350.000 евра пронајдени при претрес во домот на неговите родители.

Ристова пред судот рече дека парите ги чувала со децении, скриени зад работната маса и фрижидерот. Таа наведе дека при претресот првиот ден полицијата не ги пронашла парите, но дека при повторниот претрес следниот ден биле откриени.

Како ги криела парите

Според нејзиното сведочење, местото за криење го користела уште од 1975 година — отворувала една плочка како „прозорче“ и во фолија ги ставалa ситните остатоци од пари.

Во судот таа изјави: "Тамa си најдов згодно место, не од сега, не од лани, туку од 1975 година. Што ќе ми останеше некоја паричка, ќе отворев една плочка, како прозорче, и во фолија си ги ставав паричките, колку ќе имав толку".

Ристова рече дека вкупно имало 350.000 евра: 250.000 евра во апоени од 50 евра, додека останатите 100.000 евра биле во апоени од 500 и 100 евра. Таа нагласи дека парите биле заштеда на неа и нејзиниот сопруг и дека никој друг не знаел за нив.

"Никој не знаеше, тоа беше мое лично и на сопругот", рече таа, објаснувајќи дека парите ги заработувала од продажба на земјоделски производи и по продажбата купувала девизи кои ги криела во куќата.

За начинот на криење додаде: "Не ги броев, но ќе ги пикнев во дупчето од циглите. Кога ќе се стеснеше, во друго".

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи