Почетна
Македонија

Македонците потешко до стан во Скопје отколку Грците во Солун покрај море

Сравнителна анализа на цени по м² и просечни плати во регионот покажува дека за 50 м² во Центар на Скопје треба повеќе плати отколку за сличен стан во Солун.

·Македонија
Македонците потешко до стан во Скопје отколку Грците во Солун покрај море

И покрај тоа што просечната цена на квадрат во Скопје е помала од таа во неколку поатрактивни градови во регионот, според просечните плати македонските граѓани ќе требаат повеќе платни периоди за да купат стан. За споредбата беа користени официјални статистички податоци од институциите во пет држави: Македонија, Србија, Црна Гора, Грција и Албанија.

Во централниот скопски дел, Центар, просечната цена на еден квадратен метар е 1.950 евра.

Што значат цените во работни години

Во Тирана просечната цена на квадрат е 2.500 евра, додека во приморските албански градови како Валона, Драч и Саранда просекот е приближно 2.200 евра. Во Црна Гора, цената на нови станови во Подгорица е 2.510 евра/м², додека во приморските градови Бар, Будва, Херцег Нови, Котор, Тиват и Улцињ таа надминува 2.800 евра/м². Солун во просек е околу 2.650 евра/м², а Белград надминува 2.900 евра/м².

Анализирано според просечната нето плата, со 787 евра просечна плата во Македонија, купување стан од 50 квадрати во скопски Центар ќе бара вкупно 124 такви плати — односно околу 10 години и 4 месеци целосна заработувачка посветена само на купувањето.

За споредба, со просечна плата од 1.100 евра, Грците би можеле да купат сличен стан во центарот на Солун за точно 10 години. Црногорците со просечна плата од 1.036 евра ќе требаат околу 10 години и 1 месец за стан во Подгорица, додека за апартман на приморјето ќе им треба речиси 11 и пол години. Србите, чија просечна плата е 1.027 евра, застанаќ во централниот дел на Белград ќе требаат приближно 11 години и 10 месеци.

Албанија има најниска просечна плата во примерот — 782 евра (само 5 евра пониска од македонската), но повисоките цени значат дека во Тирана ќе треба близу 13 и пол години плата за 50‑метарски стан, а за стан покрај море околу 11 години и 9 месеци.

Автор: Мирјана Јовеска

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи