Почетна
Спорт

Македонија подобра од Исланд — 74:86 и меч за 13. место

Македонските младинци направија голем пресврт и со 74:86 обезбедија дуел за 13. место во Опатија.

·Спорт
Македонија подобра од Исланд — 74:86 и меч за 13. место

Македонската машка репрезентација до 18 години направи пресврт и ја победи селекцијата на Исланд со конечни 74:86 на актуелното Европско првенство Б дизивија што се игра во Хрватска, и ќе игра за 13. место против Велика Британија.

Доминација во втората четвртина го пресуди натпреварот

Исланд го започна натпреварот одлично и по првата четвртина имаше убедлива предност од 25:9. Но, нашите кошаркари одговорија силно во втората четвртина — со серија 17:4 и вкупно 35:12 во тие десет минути, за на полувреме да заминат со водство 44:37.

По паузата Исланд повторно се врати и во 28. минута презеде водство од 55:54. По тајм-аутот на селекторот Миодраг Тодоровиќ тимот брзо ја врати контролата, повторно поведоа и влегоа во последната четвртина со минимална предност (60:59).

Во финалните десет минути Македонија ја наметна играта — преку сигурни напади и дисциплинирана одбрана постепено ја зголемуваше разликата и без поголеми проблеми стигна до заслужена победа од 74:86.

Капитенот Ѓорѓевиќ беше најзаслужен со 18 поени, пет скока и две асистенции, при одличен шут за три поени (4/5). Цветковски натпреварот го заврши со 17 поени; Данев регистрира дабл-дабл со 11 поени и 10 скока, додека Стојаноски и Нешовиќ постигнаа по 10 поени.

На последниот ден од Европското првенство во Опатија, утре, од 11.30 часот, Македонија ќе се сретне со Велика Британија во натпреварот за 13. место, откако Британците во денешниот дуел беа подобри од Азербејџан.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи