Македонија привремено ги стопира БСЖ вакцините додека се проверуваат сериите
Министерството за здравство прашало од МАЛМЕД детални информации откако во Хрватска беа пријавени сомнителни случаи поврзани со „Bul Bio NCIPD“.

Имунизацијата со БСЖ вакцина во Македонија е привремено стопирана додека надлежните институции не ги проверaат сериите што се користат во земјава, поради пријавени сомнежи за несакани реакции кај деца во соседна Хрватска.
Од Министерството за здравство соопштија дека случајот го разгледал Комисијата за имунизација и дека е побарано од Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД да достави детални информации за сериите кои се употребуваат во земјата.
Превентивна мерка додека трае проверката
Одлуката е описана како превентивна и ќе важи додека не се добијат целосни податоци за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со пријавените несакани реакции.
Причина за проверките се настаните во Хрватска, каде надлежната агенција ја прекина дистрибуцијата и примената на БСЖ вакцината од бугарскиот производител "Bul Bio NCIPD". Во текот на 2026 година таму беа пријавени четири сомнителни случаи на остеитис или остеомиелитис кај мали деца.
Хрватските здравствени власти наведоа дека децата биле вакцинирани во 2024 и на почетокот од 2025 година, а бидејќи вакцините биле дадени во различни здравствени установи, е започната дополнителна проверка на самиот производ и на неговиот квалитет.
Во Македонија БСЖ вакцината е дел од задолжителната имунизација на децата и служи за заштита од тешки форми на туберкулоза. Министерството посочува дека туберкулозата и натаму претставува здравствен ризик, поради што привременото одложување се спроведува додека институциите ги утврдат сите релевантни информации за вакцините што се користат.
Фото: прес-материјал од настанот


