Почетна
Македонија

Македонија увезла фармацевтски производи вредни 311 милиони евра во 2025 година

Пет земји обезбедуваат над половина од увозот — Германија најголем снабдувач со 55,7 милиони евра.

·Македонија
Македонија увезла фармацевтски производи вредни 311 милиони евра во 2025 година

Македонија во 2025 година увезла фармацевтски производи во вредност од околу 311 милиони евра, а повеќе од половина од таа сума потекнува од само пет земји, покажуваат податоците од меѓународните трговски статистики.

Најголем снабдувач е Германија со увоз вреден околу 55,7 милиони евра. Следат Словенија со 40,2 милиони евра, Франција со 21,9 милиони, Италија со 20 милиони и Холандија со 19,8 милиони евра. Петте земји заедно учествуваат со приближно 157,6 милиони евра — нешто повеќе од половина од вкупниот увоз.

Податоци и споредба со претходната година

Податоците се превземени од Светска банка и Комтрејд на Обединетите нации и се однесуваат на производи што во меѓународната трговска класификација се водат како фармацевтски, вклучувајќи лекови и други фармацевтски препарати, односно бројката не ги опфаќа само производите што граѓаните ги купуваат во аптеките.

Увозот забележал раст во однос на 2024 година, кога вредноста на увезените фармацевтски производи изнесувала околу 267 милиони евра; тоа е зголемување од приближно 44 милиони евра за една година.

Во просек, во 2025 година Македонија увезувала фармацевтски производи во вредност од околу 852 илјади евра дневно, а само од Германија просечниот дневен увоз бил повеќе од 152 илјади евра.

Растот од околу 44 милиони евра за една година покажува брзо зголемување на увозната сметка за фармацевтски производи, додека концентрацијата останува висока — приближно секое второ евро потрошено за увоз отишло за производи набавени од овие пет земји.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи