Македонската Џиу Џицу федерација доби организација на три меѓународни настани
Од 22 до 26 септември 2027 „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Balkan Open, Balkan Championship и European Championship – Contact Ju-Jitsu.

Македонија ќе биде домаќин на три големи меѓународни џиу-џицу натпревари во септември 2027 година, кои ќе се одржат во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од 22 до 26 септември 2027 година.
Посета и потпишување договори
Делегацијата на Европската џиу џицу унија во состав претседателот Мајкл Корн и потпретседателката Дана Мортелманс престојуваше во Македонија на 26 ноември 2026 година, при што беа разгледани сместувачките капацитети и спортскиот центар „Борис Трајковски“. Во рамки на посетата беше остварен и состанок со министерот за спорт Борко Ристовски за дискусија околу организацијата на првенствата.
Добиени беа организациите за три натпревари: Balkan Open Championship 2027, Balkan Championship 2027 и European Championship 2027 – Contact Ju-Jitsu. Договорите ги потпишаа Мајкл Корн и претседателката на Македонската Џиу Џицу Федерација, Катерина Бошковска.
Првото натпреварување, Balkan Open, ќе биде рангиран турнир на кој ќе се освојуваат бодови за светската ранг-листа, како и квалификациски бодови за Светските игри во 2029 година. Ќе има настапи во категориите U16, U18, U21, сениори и ветерани во сите дисциплини.
Балканското првенство е предвидено за помали возрасни категории — U10, U14 и U16, додека Европското првенство во Contact Ju-Jitsu ќе ги вклучи категориите U16, U18, U21, сениори и ветерани.
Од федерацијата оценуваат дека доделувањето на организацијата претставува важно признание за работата и репутацијата на македонската федерација и ја отвора можноста Македонија да се позиционира како важен центар за развој и промоција на овој спорт.
Фото: прес-материјал од настанот


