Почетна
Македонија

Марта Кос: Комисијата наскоро ќе предложи правила за подготовка на поголема ЕУ

Марта Кос најави дека Комисијата наскоро ќе предложи мерки за подготовка на Унијата за потенцијално проширување и побара посилна политичка поддршка од сите 27 членки.

·Македонија
Марта Кос: Комисијата наскоро ќе предложи правила за подготовка на поголема ЕУ

Европската унија се подготвува за можно ново проширување, но пред тоа треба да ги зацврсти своите правила и механизми, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос, нагласувајќи дека е неопходно да се „да се зајакне политичката поддршка од сите 27 земји членки”.

Според Кос, „Комисијата наскоро ќе даде предлози за тоа како да се подготвиме за поголема Унија”.

Поостри права и заштитни механизми за новите членки

Брисел работи на измени кои ќе ги прецизираат правата и обврските на идните членки, како и на заштитни механизми што би го ограничиле влијанието на земјите кои не ги исполнуваат своите обврски. Конечните детали сè уште не се објавени.

Високи функционери од ЕУ во Брисел велат дека, иако многу престолнини формално поддржуваат продолжување на пристапниот процес, земји како Франција, Германија и Холандија се воздржани поради страв од пребрзо проширување. Тие посочуваат на претходни случаи — особено Унгарија во времето на Виктор Орбан — кога членот го искористил своето влијание за да блокира клучни политики.

„Постои причина зошто процесот на проширување трае со децении", изјави дипломат од една скептична земја. "Стравот е дека ќе внесиме тројански коњ."

Според тројца високи функционери вклучени во процесот, Берлемонтот подготвува пакет промени на правилата што ќе им се претстави на лидерите на ЕУ на состанокот на Европскиот совет што започнува на 15 октомври. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, се очекува да води напор за да ги убеди престолнините дека Унијата може да управува со ризиците поврзани со проширувањето.

За земјите кандидати и застапниците на пристапниот процес, следните недели ќе бидат критични: секоја промена на условите за членство или воведување на дополнителни заштитни мерки ќе ја промени динамиката на преговорите и ќе бара јасна и единствена поддршка од 27-те членки.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи