Почетна
Свет

Масовен студентски митинг на „Славија“ во Белград пред изборите на 25 октомври

Студенти и поддржувачи маршираа од повеќе делови на Белград и ја презентираа програмата пред вонредните избори.

·Свет
Масовен студентски митинг на „Славија“ во Белград пред изборите на 25 октомври

На плоштадот „Славија“ во Белград се одржа голем завршен предизборен митинг на Студентската листа – Студентите победуваат, пред вонредните парламентарни избори закажани за 25 октомври.

Марширaња и колонu од градот и од другите делови на земјата

Согласно најавите, граѓаните организирано се упатија кон плоштадот во шест колони од различни делови на градот, меѓу кои Нов Белград, Земун и Чукарица. Подоцна тргнаа и колони од Студентскиот плоштад, од зградата на Техничките факултети на булеварот „Крал Александар“ и од Автокоманда. Притоа беа организирани и повеќе автомобилски колони од разни делови на Србија.

На крајот на митингот кандидатите на листата слегoaа од бината и се наредија во круг околу фонтаната на „Славија“, држејќи го високо Уставот на Србија и играјќи оро. Собраните граѓани носеа српски знамиња и транспаренти со натписите „Студентска листа“ и „Студентите победуваат“ и свиреа со свирчиња, додека организаторите им се заблагодарија на присутните.

Кандидатот на листата, лекарот и универзитетскиот професор Југослав Гашиќ, од бината ја обвини актуелната власт дека ја поделила земјата и ги ставила личните и партиските интереси пред интересите на граѓаните.

„Оние што нè доведоа до работ на бездната ги посрамија вековите, понижија милиони, а украдоа милијарди. За некаква обединета Србија ни зборуваат оние што живеат од нашите поделби, а за Србија што победува – оние што со децении нè водеа од пораз во пораз“, порача од бината Југослав Гашиќ, кандидат на студентската листа, лекар и универзитетски професор.

Студентот на Биолошкиот факултет Арса Стојановиќ рече дека граѓаните во изминатите две години покажале волја, сила и искрен патриотизам и ги повика да излезат на гласање.

„Патриотизам на кој сите, без исклучок, треба да се гордеете и еден ден со крената глава да кажете: ‘Бев дел од победата!’“, рече Стојановиќ.

На митингот беа претставени и делови од програмата на Студентската листа: најави за реформи на судството и на обвинителството, образование достапно за сите, подобрување на здравствената заштита, вложувања во земјоделството и економијата, како и заштита на животната средина и работничките права.

Во меѓувреме, во Нови Сад вчера се спроведе голема полициска акција и беа уапсени лица осомничени за планирање масовни немири на денот на изборите.

Фото: Принтскрин

Поврзани написи