Масовна тепачка во Аеродром: петмина со кривични пријави, четворица добија мерки
Две лица се во 30-дневен притвор, уште две се на 30-дневен куќен притвор; петмина обвинети за насилство по член 396 став 3 од Кривичниот законик.

Пет лица ќе бидат кривично гонети по масовна тепачка што се случи по полноќ во скопската општина Аеродром, соопшти МВР.
„Единицата за насилен криминал при СВР Скопје – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолентик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик“, информираа од МВР.
Инцидентот се случил во 01:15 часот по полноќ на подрачјето на општина Аеродром, кога настанала физичка пресметка помеѓу Н.Е.(36) и Е.М.(43) од Скопје. С.И.(23) од Скопје се обидел да му помогне на Н.Е., наведуваат од полицијата.
Напад со тврд и со стаклен предмет
Потоа за кратко се собрале повеќе лица и со тврди и со стаклени предмети ги нападнале Н.Е. и С.И., при што им нанеле тешки телесни повреди, додаваат од МВР.
За двајца од осомничените е определена мерка притвор во траење од по 30 дена, а двајца се ставени во 30-дневен куќен притвор. Случајот продолжува да се расчистува и ќе следува натамошна законска постапка.
Фото: илустрација