Почетна
Македонија

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба; воведена двомесечна забрана за крап

Националниот парк „Маврово“ извести за преземеното порибување и за двомесечната забрана за крап во рекреативната зона.

·Македонија
Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба; воведена двомесечна забрана за крап

Во рамки на годишниот план за порибување, во Мавровско Езеро и во водотеците во територијата на Националниот парк „Маврово“ се пуштени 200 килограми пастрмка и 200 килограми крап, вкупно 400 килограми риба.

Од управата на паркот велат дека порибувањето е дел од континуирани мерки за одржување и унапредување на рибниот фонд и за зачувување на природната рамнотежа во водните екосистеми.

„Заштитата на водите и рибниот фонд се наша заедничка одговорност. Со почитување на правилата и одговорно однесување, придонесуваме за зачувување на природното богатство на паркот“ - наведуваат од НП „Маврово“.

Воведена двомесечна забрана

Од 31 октомври 2026 година ќе важи двомесечна забрана за риболов на крап (Cyprinus carpio) во рекреативната зона на Мавровско Езеро. Забраната е донесена со одлука на ресорниот министер, по барање на управата на Националниот парк, и ќе важи до 31 декември 2026 година.

Управата на паркот додава дека целта е да се овозможи успешно приспособување, распространување и раст на порибените единки во природните услови на Мавровското Езеро, со што се придонесува кон зачувување и обновување на рибниот фонд.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи