Почетна
Македонија

Механизација и ископ на брегот на Охридското Езеро — вонредна инспекција по видео на „Охрид СОС“

Градоначалникот Пецаков потврди дека утринава е испратен вонреден инспекциски надзор за да се утврди состојбата прикажана на видеото.

·Македонија
Механизација и ископ на брегот на Охридското Езеро — вонредна инспекција по видео на „Охрид СОС“

Еко-активистите повторно алармираа откако видео објавено од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ прикажува градежна механизација и ископи на самиот брег на Охридското Езеро.

По објавата, локалната самоуправа реагираше. Градоначалникот Пецаков потврди дека „утринава е испратен вонреден инспекциски надзор“ на терен за да се утврди фактичката состојба и дека јавноста ќе биде дополнително известена за констатациите од записникот на инспекцијата.

Инспекциски надзор на лице место

Инспекторите треба да проверат дали опремата и ископите видливи на снимката биле со одобрение и дали биле прекршени законските и еколошките ограничувања во заштитениот појас покрај езерото.

Еко-активистите велат дека ова е уште еден инцидент во низата на предупредувања за потенцијално узурпирање на крајбрежниот простор и нарушување на чувствителниот екосистем во заштитената зона на УНЕСКО, како од изградби, така и од пловни објекти.

Според нив, ваквите зафати во заштитениот појас директно го загрозуваат Охридското Езеро.

Регионoт околу Охридското Езеро и подалеку веќе со години е предмет на внимание на домашните организации и меѓународната заедница поради урбаниот притисок врз брегот. Останува да се види дали инспекцијата ќе става крај на узурпацијата или ова ќе остане само евидентирано во записник.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи